„Не беше овој свет за тебе, зарем срцето можеше да издржи после сѐ“ – пријателите и колегите емотивно се простуваат од Панчо
„Широко небо Панчо. Не наоѓам зборови џуџе, мислев нема да се дадеш“, напиша Миа Костова, една од многуте блиски на Панчо од ДНК, кои се простуваат од својот другар и соработник.
После седум месеци борба по трагедијата во дискотеката „Пулс“, во Кочани, во која почина Андреј, почина Владимир Блажев, Панчо од дуото ДНК.
Пријателите, соработниците и родителите на починатите во пожарот на социјалните мрежи со емотивни пораки се простуваат од Панчо.
„Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент. Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место.“ – напиша Тамара Тодевска

„Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш и секогаш ќе те сакам…“ – се прости Каролина Гочева од Панчо

„Зарем срцето можеше да издржи после сѐ… Многу тажно….многу…![]()
Збогум Панчо…“ – напиша Калиопи
И останатите колеги и пријатели, ја споделија својата тага и болка за прераната смрт на Панчо. “Ќе ми фалиш“, „Фала ти за се“, „Пејте заедно“ – се дел од последните поздрави.





ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Родителите на загинатите во „Пулс“ ќе достават…
Родителите на загинатите деца во дискотеката „Пулс“…
Родителите на загинатите: Ако надлежните навреме постапеле…
Адвокатот Петре Шилегов повторно бара Јавното обвинителство…
Поднесени обвиненија за поткуп и злоупотреби при…
Основното јавно обвинителство Кочани поднесе обвинителен акт…
Родителите на жртвите од „Пулс“: Обвинителството откри…
Здружението на родителите на загинатите деца во…
Клековски се сретна со повредените од „Пулс“
Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал…