Уште една предизборна измама: Страницата на кандидатот на ВМРО од Струмица претходно била “InStrumica”

t

Излегуваат на виделина нови докази дека кандидатот Сотир Лукровски извршил груба измама на јавноста и злоупотреба на националните чувства на македонските граѓани.

Според официјалните податоци од Facebook Page Transparency, неговата страница првично била креирана под името „Macedonia: Timeless Beauty, Endless Possibilities“ – со што се претставувала како проект за национален идентитет, култура и патриотска промоција на Македонија.

На ист начин и Петар Јанков кандидатот од вмро дпмне во Струмица ја злоупотребил страницата „inStrumica“, која првично била создадена како информативна платформа за промоција на градот, локалните настани и убавините на Струмица.

Подоцна, страницата била претворена во политичка алатка за лична промоција и партиски маркетинг, со што целосно ја изгубила својата првична цел и довербата кај граѓаните.

Таквата злоупотреба претставува уште еден пример за манипулација со јавноста и обид за присвојување на градски симболи и иницијативи за партиски интереси.

Граѓаните заслужуваат транспарентност, а не политички игри зад маска на градска љубов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полска ги предупреди сојузниците: Не преговарајте со…

Полска ги предупреди европските сојузници дека во…

ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…

Голем банкарски системски прекин во Јапонија: 128…

Голем системски дефект денеска го парализираше работењето…

Рубио демантира дека ја напушта администрацијата на…

Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера категорично…

30 дена притвор за командантот Жмириќ и…

Судија на претходна постапка им одреди притвор…