Вчерашната блокада во Кочани без изјави во знак на почит кон Панчо ДНК

t

Вчерашната, трета по ред, блокада од страна на родителите на загинатите во дискотеката Пулс, се одвиваше без изјави, во знак на почит кон 64-тата жртва на трагедијата, вокалот на ДНК, Владимир Блажев – Панчо.

Родителите денеска по четврт пат ќе ја блокираат крстосницата во центарот на градот во знак на протест заради, како што велат, одолговлекувањето на процесот за трагедијата, кој седум месеци подоцна сеуште нема закажано прво судско рочиште. Родителите се незадоволни и од Обвинителниот акт, за кој сметаат дека не ги опфаќа сите одговорни и инволвирани во дејствијата кои довеле до трагедијата. Бараат брзо закажување на рочиште, а доколку тоа не се случи, најавуваат и блокади на булеварот пред Кривичниот суд во Скопје.

По вчерашната вест дека починал Владимир Блажев – Панчо, родителите изразија сочувство до неговото семејство:

„Со длабока тага и солзи во очите ја примивме веста за загубата на уште еден млад живот.“ – напишаа тие во своето обраќање до јавноста.

Извор: Канал 77

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вчерашната блокада во Кочани без изјави во…

Вчерашната, трета по ред, блокада од страна…

(Видео) Хакери им се закануваат на македонските…

Веб-страницата на скопската меѓуградска автобуска станица (sas.com.mk)…

Погребот на Панчо ќе се одржи утре…

Погребот на Владимир Блажев – Панчо, членот…

(Видео) “Или си СДСМ или не си”:…

Прашан на прес-конференција што мисли за фотографиите…

Уште една предизборна измама: Страницата на кандидатот…

Излегуваат на виделина нови докази дека кандидатот…