Син на командир во ПС Тетово претепал човек! Со тешки телесни повреди е пренесен на Клинички во Скопје!
Син на командир во полициска станица Тетово вчера вечерта нападнал човек кој работи во тобако.
Според кажувањата на очевидци Ф.Д со стаклена флаша го удрил оштетениот по глава, а кратко потоа оштетениот е пројаден во дупка кај градежен објект со изкршени нозе и сериозни повреди на главата.
Од СВР Тетово го потврдија настанот.
– На 15.10.2025 во 05:20 часот на крстосница од улица „Благоја Тоска“ со улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Д.(27) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека физички го нападнал А.К.(42) од Тетово. Имено, А.К. е пронајден со повреди во ископана дупка од објект во изградба и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Ф.Д. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, велат од СВР Тетово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…
Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…
Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…
Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…
Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…
Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…
Маж од Тетовско две години ѝ барал…
Маж од Тетовско две одини ја уценувал…
Му побарале уплата на шалтер, тој го…
Инцидент се случил во Клиничката болница во…