Лекарската комора со морална осуда за д-р Кузмановски, останува без лиценца
Лекарската комора на Македонија (ЛК), преку Комисијата за етички и правни прашања, упати јавна морална осуда за случајот со видеоснимката објавена на социјалните медиуми, во која е инволвиран поранешниот директор на Универзитетската клиника за неврологија, д-р Игор Кузмановски.
Оваа осуда, посочуваат од ЛК, е донесена со цел да се заштити интегритетот и угледот на лекарската професија, бидејќи однесувањето прикажано на снимката ги нарушува довербата и не е во согласност со високите морално-етички стандарди кои се очекуваат од лекарите. Комората нагласува дека од лекарите се очекува, како во професионалниот, така и во приватниот живот, да негуваат лични квалитети кои одговараат на достоинството на професијата. Секој несоодветен чин, покрај поединецот, ги компромитира и неговите колеги.
Комисијата разгледа документи од Министерството за здравство и поднесени претставки до Комората, при што беше констатирано дека нема случај поврзан со етички пропусти во досегашното работење на д-р Кузмановски.
Со цел да се добие целосна слика и да се обезбедат сите факти, Комисијата смета дека е неопходно да ги има на увид и извештаите од стручните комисии формирани од Министерството за здравство и Клиниката. По комплетирањето на овие информации, ќе биде донесен заклучок за понатамошно постапување во однос на етичките норми.
Д-р Кузмановски и понатаму останува без активна лиценца за вршење докторска дејност, а неговото барање за повторно стекнување со лиценца ќе биде разгледано дополнително.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски ѝ нареди на армијата да лансира…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Уапсен 76 годишен дедо: Бил агресивен кон…
На 28.08.2026 во 00:30 часот во Струмица,…
ЕК за Ратко Младиќ: Во Европа нема…
ЕК за Ратко Младиќ испрати недвосмислена порака…
Сицилијански град нуди куќи за само едно…
Животот на Сицилија, меѓу камени куќи, барокни…
Сеута предупредува дека е „на работ на…
Шпанија побара од Европската комисија поддршка од…