Објавено на:

Сицилијански град нуди куќи за само едно евро — не мора да сте Италијанец за да си купите една

t

Животот на Сицилија, меѓу камени куќи, барокни фасади и пејзажи што се протегаат кон морето, за многумина звучи како луксузна и тешко остварлива желба. Сепак, еден мал италијански град се обидува да привлече нови сопственици со понуда што на прв поглед изгледа речиси нереална – куќи по почетна цена од само едно евро.

Се работи за Наро, средновековен град во покраината Агриџенто, на југозападот од Сицилија. Локалната самоуправа го започна проектот „Куќа за едно евро“, со цел да пронајде нови сопственици за напуштени и дотраени згради во стариот центар на градот, пишува „Тајм аут“.

Италијанските граѓани, како и заинтересираните луѓе од други земји, можат да аплицираат за купување. Странските купувачи мора да ги исполнат пропишаните услови и да поминат низ официјалната постапка за аплицирање, избор и купување недвижен имот.

Град на рид со поглед на морето

Наро се наоѓа во внатрешноста на островот, на рид од кој погледот се протега над околниот сицилијански предел сè до морето. Градот е познат по својата комбинација од средновековна и барокна архитектура, а во неговите контури доминира замокот Кјарамонтано.

Оваа средновековна тврдина е изградена на највисоката точка од градот и е еден од неговите најпрепознатливи симболи. Токму историското наследство и изгледот на старото јадро треба да привлечат луѓе кои се подготвени да инвестираат пари и време во реставрација на запуштени куќи.

Сепак, симболичната продажна цена не значи дека идниот сопственик навистина ќе добие целосно опремен имот за едно евро.

Најголемиот трошок доаѓа по купувањето

Куќите вклучени во програмата не се подготвени за вселување. Повеќето од зградите се празни, запуштени или оштетени долго време, поради што им е потребна сериозна реконструкција.

Купувачите се должни сами да го финансираат реновирањето, како и сите придружни трошоци што произлегуваат при купување недвижен имот. Меѓу нив се трошоците за нотари, регистрација и катастарски давачки.

Работите, исто така, не можат да се извршуваат произволно. Новите сопственици мора да ги почитуваат локалните прописи за планирање и безбедност, како и да го завршат реновирањето во рокот утврден со правилата на програмата. Затоа конечната инвестиција може да биде неспоредливо повисока од почетната цена на куќата.

Зошто куќите се продаваат толку евтино?

Наро, како и многу помали градови низ Италија, се соочува со намалување на бројот на жители. Со текот на годините, луѓето се преселиле во поголемите градови во потрага по работа и подобри можности, додека многу куќи останале празни и почнале да пропаѓаат.

Со овој проект, локалната администрација сака да го спречи понатамошното пропаѓање на историскиот центар, да ги обнови постојните објекти и да привлече нови жители и инвестиции. Сопствениците на неискористени куќи можат да ги регистрираат своите имоти за вклучување во програмата, додека потенцијалните купувачи можат да пронајдат и да достават понуди преку посебна интернет платформа.

Идејата е напуштените згради повторно да добијат намена, без оглед на тоа дали ќе се користат за домување или за некоја друга намена дозволена со правилата на проектот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сицилијански град нуди куќи за само едно…

Животот на Сицилија, меѓу камени куќи, барокни…

Силно невреме со торнадо ја погоди Италија,…

Торнадо денеска го погоди италијанскиот град Кремона,…

„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…

Италија треба да го прекине договорот со…

Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…

Во музеј на Сицилија, украдени се четири…

„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…

Родители возеле околу 100 километри низ Италија…