Само што ни тргна: Осум месеци од воведувањето, се укинуваат летовите меѓу Скопје и Амстердам

t

Нискобуџетната холандско-француска авиокомпанија „Трансавиа“ ги укинува редовните летови меѓу Скопје и Амстердам. Последниот лет е закажан за 26 октомври 2025 година. Линијата беше воведена на 2 март годинава, без користење на субвенции од македонскиот државен буџет.

„‘Трансавиа‘ нема да ја оперира линијата Скопје–Амстердам во претстојната летна сезона. Сепак, постојано ја разгледуваме нашата мрежа и ги оценуваме можностите врз основа на побарувачката и оперативните аспекти“, изјави портпаролот на компанијата, Ферле ван дер Бринк.

Ова беше прв пат од септември 2008 година, откако престана да лета МАТ, дека аеродромот „Схипхол“ во Амстердам и македонскиот главен град беа поврзани со редовен авиопревоз. Летовите се изведуваа два пати неделно, во четврток и недела.

Сепак, Македонија и Холандија остануваат поврзани преку линијата Скопје–Ајднховен со „Визер“, кој ќе лета четири пати неделно и во зимската сезона. Летната сезона, исто така, Амстердам беше поврзан со Охрид за туристи на туроператорот „ТУИ“.

„Трансавиа“ е втората по големина нискобуџетна авиокомпанија во Холандија и подружница на групацијата „Ер Франс-КЛМ“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пентагон подготвува четири опции за Европа

Пентагон ќе му претстави најмалку четири опции…

Спајиќ: По затворањето на нови поглавја со…

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, на својот профил…

Тргнува градскиот воз во Скопје: Објавен возниот…

Од 1 септември почнува да сообраќа градскиот…

Не чека пеколен празничен ден – температури…

За празничниот ден не чека сончево и…

Сајбер-напад врз три британски аеродроми, украдени податоци…

Податоците на 8,7 милиони корисници се украдени…