Тинејџер од Македонија повторно осомничен за терористички планови во Австрија

t

Двајца тинејџери, еден со потекло од Македонија и еден од Чеченија, кои летото 2023 година беа осудени во регионалниот суд во Леобен за планирање напад врз средно училиште, повторно се во притвор под сомнение за тероризам, јавува австрискиот портал Хојте.

Првично, тие беа осудени на делумно условни казни од 15 и 16 години за намери да воспостават калифат во Австрија и целено убивање христијани. Едниот, кој сега има 17 години, беше ослободен предвреме по отслужување на две третини од казната, а судот го следеше преку мерки за дерадикализација и психотерапија.

Сепак, обвинителството наведува дека тој повторно покажал знаци на радикализација, вклучувајќи планирање крвопролевање со автоматска пушка и обид да обезбеди финансии за купување оружје. Тинејџерот досега одбивал да соработува со властите, јавува Кроне.

Неговиот соучесник, кој има 18 години, беше уапсен на границата со Македонија кон крајот на август додека се враќал од својата татковина. И тој е обвинет за нови, сериозни планови за напади, вклучувајќи и употреба на бомби, и повторно е во затвор по суспендираната казна од првото судење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сицилијански град нуди куќи за само едно…

Животот на Сицилија, меѓу камени куќи, барокни…

Сеута предупредува дека е „на работ на…

Шпанија побара од Европската комисија поддршка од…

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави…

Почина најмладиот монарх во светот, кралот Рукиди…

Кралот на Торо, Рукиди IV вчера почина…

25 годишен радовишанец ја претепал сестра си

На 28.08.2026 во 01:20 часот во Радовиш,…