Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија!

t

„Во недела излезете масовно на гласање и осигурајте се дека иднината на општините, на државата, е сигурна, со луѓето што работат чесно, се грижат за секого и градат за сите и во секое населено место“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од трибината во општина Чучер Сандево.

Тој истакна дека борбата на СДСМ е многу повеќе од политичка, тоа е борба за достоинство, правда и за враќање на државата во рацете на народот.

„Тоа што вечерва сме овде собрани во толку голем број, е јасен показател дека сите имаме иста борба, иста мисла, цел и желба: да ја вратиме државата во рацете на граѓаните! Да ја исправиме, да ја ослободиме од неправдата, и повторно да ја направиме наш дом“, рече претседателот на СДСМ.

Во контекст на предизвиците од актуелната власт, Филипче нагласи дека „во време кога режимот ни чука на врата, социјалдемократијата наша гаранција и штит кога силните сакаат да ја искористат државата за лични интереси.“

„Денес кога домот, демократијата и иднината ни се повторно загрозени, ние имаме важна задача и обврска: да не дозволиме режимската матрица да ја води државата во пропаст“, истакна Филипче.

Тој нагласи дека претстојните избори се историски момент за одбрана на вредностите, идентитетот и иднината на државата.

„Оваа борба не е само политичка. Ова е борба за вредности и за достоинството. За идентитетот. За нашето место во светот. Се бориме за нашиот дом и ќе успееме во тоа. Со СДСМ, со социјалдемократските вредности, со чесност, со солидарност, со љубов и одговорност кон оваа убава земја“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…

Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…