Михајловски: Писмото од јавниот обвинител до Адвокатската комора го анализираме како класичен чин на заплашување
Класичен чин на заплашување на адвокатите, вака претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски, во емисијата Аргумент+ го коментираше писмото што државниот обвинител Љупчо Коцевски минатата недела го испрати до Комората.
Според Михајловски, реакцијата на обвинителството е обид за притисок врз адвокатите кои јавно го коментираат обвинението за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. И Михајловски очекува судската постапка за пожарот во кочанската дискотелка „Пулс“ да трае долго, поради големиот број обвинети и оштетени лица, меѓу кои и родителите на настраданите и повредените деца.
Тонско: Љубомир Михајловски – претседател на Адвокатска комора
Писмото на државниот обвинител беше испратено до Комората пред една недела, по јавните настапи на дел од адвокатите вклучени во предметот. Во него Коцевски остро реагира на јавните коментари на адвокатите, оценувајќи дека тие однапред изразуваат неосновани очекувања во врска со времетраењето на судската постапка, без да бидат запознаени со доказниот материјал.
„Давањето неосновани проценки во врска со долгото траење на судските постапки го нарушува угледот на Судот и претставува обид да се прикаже како бавен и неефикасен. Ова е спротивно на член 13 од Кодексот за професионална етика на адвокатите, според кој, за време на вршењето на својата професија, адвокатот е должен да го штити угледот на судот и институциите пред кои се појавува. Неговиот изглед мора да биде таков што судовите и другите органи ќе го гледаат како бранител во спроведувањето на законитоста и заштитата на правата и правните интереси на странките.“
Во писмото, Коцевски наведува и дека некои адвокати ја злоупотребуваат својата позиција, настапувајќи како независни експерти, иако се бранители на обвинетите, со што, како што вели, ја залажуваат јавноста и ги доведуваат во заблуда оштетените. Дел од адвокатите кои ги застапуваат обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ веќе јавно изразија сомнежи во квалитетот на обвинителниот акт и прогнозираа долг судски процес.
Почетокот на судскиот процес е закажан за19 ноември, кога на обвинителна клупа ќе седнат 34 лица, а обвинети се и три фирми. Меѓу нив се поранешни министри за економија и директори на Дирекцијата за заштита и спасување, градоначалници на Кочани, инспектори, одговорни лица во фирмите кои раководело со ноќниот клуб.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Михајловски: Писмото од јавниот обвинител до Адвокатската…
Класичен чин на заплашување на адвокатите, вака…
Скандал на изборите: Во Недела ќе гласаме…
Изборниот процес во Скопје е сериозно компромитиран…
Почна поткупот: „Наместо со идеи, визија и…
Граѓанска Опција за Македонија (ГРОМ) денес остро…
Мојот одговор за Луке Галевски
Несомнено е дека си ги преживеал и…
Непознато лице од автомобил пукало кон дом…
На 17.10.2025 во 03:00 часот во СВР…