СДСМ Струмица обвинува: Власта прибегнува кон присилба, притисок и заплашување на граѓаните, а таму каде што не успева стравот обезбедуваат терен за поткуп и корупција!?

t

ЗЛОУПОТРЕБА, СТРАВ И ПАНИКА!

Вчера вечер во Туското маало, полицијата брутално ги пречекори своите овластувања.

Двајца недолжни граѓани беа држени цели 2 часа и 40 минути, без налог, без наредба, без никаква правна основа.
Наместо заштита, психичко малтретирање, закани и уцени.

Наместо закон, демонстрација на сила врз сопствениот народ.

Возилото им било незаконски пребарувано, а предмети незаконски одземени, без никаква документација или судска наредба.

Тоа не е случајност.

Тоа е страв, паника и очај на вмро-дпмне која знае дека го губи теренот.

Стравот од големиот пораз е очигледен!

Затоа прибегнуваат кон присилба, притисок и заплашување на граѓаните, а таму каде што не успева стравот обезбедуваат терен за поткуп и корупција!?

Тоа не е власт, тоа е режим што се распаѓа пред очи на сите.

Ќе ги известиме сите надлежни институции, Вантрешна контрола при Министерството за внатрешни работи, Народниот правобранител, Јавното обвинителство, како и сите меѓународни организации и амбасади во државата.

Секој што учествувал во ова незаконско постапување ќе одговара и институционално и кривично.

Доста беше молк.

Доста беше страв.

Граѓаните на Струмица нема да дозволат да се врати времето на присилба и поткуп.

Овој град припаѓа на народот, а не на уплашените моќници што сакаат насилно да ја превземат локалната власт.

А, вие луѓето од “сенка”, народот во недела ќе ве открие и ќе ве порази.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неготинец работел осум месеци без плата, добил…

Жител на Неготино пријавил во полиција дека…

Од виенскиот Музеј за применета уметност украден…

Музејот за применета уметност (МПИ) во Виена…

Мицотакис: Солун ќе биде новата престолнина на…

Солун има амбиција да добие нова улога…

139 деца на педијатрија за 48 часа…

Високите температури кои преовладуваат во последните денови…

Шведски државјанин уапсен на Табановце, возел со…

На граничниот премин Табановце, на излез од…