Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен, повредени две лица
На 17 октомври 2025 година, во 13:10 часот, на магистралниот пат Охрид-Ресен се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко возило марка „Рено“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 58-годишно лице од селото Речани, кичевско и товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишно лице од селото Беранци, битолско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото „Рено“, а со телесни повреди се здобил возачот на товарното возило, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид изврши увидна екипа од СВР Охрид, информираат од Секторот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Ресен, повредени…
На 17 октомври 2025 година, во 13:10…
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
Жител на Ваташа уништувал плакати и е…
Жител на кавадаречкото село Ваташа бил приведен…
Три лица загинаа, a тринаесет се повредени…
Силна експлозија што вчера го потресе Букурешт…
Повлечен изборниот материјал за советнички листи во…
Грешка во испечатените редни броеви на носители…