Објавено на:

Цената на нафтата падна по најавата на Г7 за можно ослободување на резервите

t

Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна на 101,61 долар за барел, додека американската нафта поевтини на 92,02 долари.

До падот дојде откако земјите членки на Г7 најавија координирано ослободување на 100 милиони барели нафта и гориво од стратешките резерви, пренесе „Трејдинг економикс“.

Координираното ослободување на резервите, кое би го надгледувала Меѓународната агенција за енергија, би требало да се спроведе во период од четири месеци, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Тој посочи дека целта на иницијативата е намалување на цените, по притисокот од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за реакција на заострувањето на состојбата на пазарот на горива.

Во меѓувреме, извозот на сурова нафта од Блискиот Исток е вратен речиси на нивото пред војната, но неизвесноста околу преговорите меѓу САД и Иран и натаму влијае врз изгледите за снабдување.

Особена загриженост предизвикува Ормускиот теснец, клучна рута за транспорт на нафта и гас, по пријавените напади врз танкери кои укажуваат на продолжување на ризиците за поморскиот сообраќај.

САД истовремено ја засилија противвоздушната одбрана околу енергетските постројки во Саудиска Арабија и Катар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на нафтата падна под 108 долари…

Цената на Брент се спушти под 108…

Кризната состојба за снабдувањето со нафта продолжува…

Можните нарушувања во снабдувањето со нафта и…

Цената на нафтата падна по најавата на…

Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна…

Цените на нафтата скокна на 106 долари

Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа…

Саудиска Арабија откажува и одложува испораки на…

Саудиската државна компанија „Арамко“ откажа или одложи…