Денешното гласање за локалните избори се одвива непречено и без проблеми, соопшти ДИК
Државната изборна комисија (ДИК) попладнево соопшти дека денешното гласање на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање, а се сместени во установите за вонсемејна грижа, се одвива непречено и без никакви проблеми и недоследности.
Како што информира ДИК, до 15:30 часот од вкупно 8 848 болни или немоќни лица кои може да го остварат своето право на глас на овие локални избори, гласале 5 385.
Од 2 162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор, своето право на глас до 15:30 часот го оствариле 810 гласачи.
Во установите за вонсемејна грижа, пак, до 15:30 од 442 лица гласале 135 гласачи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: На Воената академија – 0 кадети…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) преку соопштение…
Голем банкарски системски прекин во Јапонија: 128…
Голем системски дефект денеска го парализираше работењето…
Рубио демантира дека ја напушта администрацијата на…
Американскиот државен секретар Марко Рубио вчера категорично…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Лажни договори, фалсификувани потписи и закани за…
Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал…