Гласаа болните, затворениците и лицата во домови, излезноста висока
Ден пред одржувањето на првиот круг од локалните избори, денеска своето право на глас го остварија болните и немоќни лица, затворениците и лицата сместени во установи за вонсемејна грижа. Според информациите од Државната изборна комисија (ДИК), гласањето поминало непречено и без никакви проблеми, а излезноста во овие категории е висока.
Според последните податоци, од вкупно 8.856 пријавени болни или немоќни лица, до 20:30 часот гласале 7.935 од нив.
Во затворите и установите каде што се извршува мерка притвор, од вкупно 2.162 лица со право на глас, до 18:30 часот гласале 1.400 затвореници.
Во установите за вонсемејна грижа, како што се старечките домови, од евидентирани 442 гласачи, до 18:30 часот своето право го оствариле 297 лица.
Од ДИК појаснуваат дека резултатите од денешното гласање нема да бидат објавени посебно. Секое гласачко ливче е ставено во посебен затворен плик и во гласачките кутии, кои нема да се отвораат денеска.
„Броењето на овие гласови и објавувањето на резултатите од денешното гласање се врши заедно со резултатите од целокупното гласање на изборите утре после 19:00 часот, за секое избирачко место и секоја општина“, соопштија од Државната изборна комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Велешанецот со „кубанската вакцина“ добил забрана за…
Четириесет и седумгодишниот М.А. од Велес, добил…
Два притвори, еден куќен притвор и мерки…
Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство…
„Гугл“, „Мета“ и „Тикток“ ја тужат Калифорнија:…
Технолошките гиганти Гугл, Мета и Тикток отворија…
Министерство за одбрана до ДУИ: Целата постапка…
По обвинувања од политичка партија за наводно…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС никако да престане свесно да…
СДС никако да престане со умисла да…