Пијан кавадарчанец престигнал седум возила што стоеле на црвено: приведен со 2,02 промили алкохол во крвта
Приведен кавадарчанец кој со 2,02 промили алкохол во крвта престигнал седум возила што стоеле на црвено светло на семафор.
ако што информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес, инцидентот се случил вчера во 15.30 часот на улица „Илинденска“ во Кавадарци, при што полициски службеници од ОВР – Кавадарци го уапсиле 48-годишниот П.К.
„При преземање мерки, по сторен сообраќаен прекршок, односно откако тој со патничко возило „рено“ co кавадаречки регистарски ознаки, престигнал седум возила што биле застанати на црвено светло на семафор, утврдено е дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,02 промили алкохол во крвта, појаснија од СВР – Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР во врвот на најтранспарентните министерства: 75,90%…
Министерството за внатрешни работи бележи подобрување во…
Голема полициска акција: Претреси на над 40…
Криминалистичката полиција повторно е на терен, каде…
Тошковски: Законот важи за сите исто, МВР…
Воопшто е небитно дали насилникот е Македонец,…
За еден месец, македонската полиција запленила 97…
Засилените полициски контроли на велосипедисти, мопеди и…
Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца
СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60)…