Парламентот на Република Српска ја назначи Ана Тришиќ Бабиќ за привремен претседател на тој ентитет

t

Парламентот на Република Српска за привремен претседател на тој ентитет ја назначи Ана Тришиќ Бабиќ, блиска соработничка на Милорад Додик, кој во август остана без мандат, но тврди дека претседателот е волјата на народот, а за Тришиќ, Бабиќ вели дека нејзина единствена задача е да се справува со „формалностите“.

Ана Тришиќ Бабиќ е советник за надворешна политика на Додик и е позната како негов верен соработник, а нејзиното име се спомнуваше во контекст на изборот на лице кое во име на Босна и Херцеговина ќе ги води пристапните преговори со Европската Унија.

Таа официјално беше предложена од владејачкото мнозинство контролирано од Додик, а претседателот на клубот на претставници на неговиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), Срѓан Мазалица, предлогот го образложи со потребата да се обезбеди функционирање на сите власти во услови на „неуставни дејствија на Судот на Босна и Херцеговина и Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина“.

Тоа мнозинство гласаше и за укинување на шест закони донесени од Парламентот на РС во декември 2024 година, обидувајќи се да ги оспорат активностите на судските органи и безбедносните агенции на Босна и Херцеговина на територијата на тој ентитет

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Парламентот на Република Српска ја назначи Ана…

Парламентот на Република Српска за привремен претседател…

Дојава за бомба во косовскиот парламент, сите…

Зградата на парламентот во Приштина беше евакуирана…

(Видео) Тепачки и димни бомби во српскиот…

Жесток хаос во моментов владее во Собранието…

Погреб на демократијата во Албанија: Усвоена новата…

Албанскиот парламент по  маратонска расправа, доцна синоќа,…

(Видео) ТЕНЗИИ ВО АЛБАНСКИОТ ПАРЛАМЕНТ: Запалени се…

Тензично во и надвор од албанскиот парламент,…