Четворица Турци и двајца Узбекистанци во Чаир изработувале фалсификувани дозволи за престој и други службени документи
При претрес во Скопје лишени се од слобода турци и узбекистанци за фалсификување дозволи за престој и други службени документи.
Како што информираат од МВР, ноќеска (21.10.2025) во 01.30 часот, полициски службеници Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север и од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.З.(30), З.А.(26), Е.С.О.(20) и А.У.(51), сите од Турција, и Н.А.Т.(39) и А.Д.М.У.(27), двајцата од Узбекистан, поради сомнение за сторен прекршок по член 212 од Законот за странци и член 378 од Кривичниот законик.
При претрес во домот на А.З. во кој престојува на подрачјето на Чаир, извршен со судска наредба, а во кој се затекнати останатите пет лица без дозволи за престој, пронајдени и одземени се повеќе дозволи за престој на име на други лица, пари во различни валути и апоени, печати од приватни фирми и државни институции за кои постои дека се фалсификувани, лап топ компјутери, турски патни исправи на име на други лица и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Од МВР информираат дека лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватите спречиле влез на пиперки од Македонија…
Нова пратка со зеленчук од Македонија е…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
40-годишна стружанка претепала старец, па го ограбила
Жена од струшкото село Октиси е пријавена…
Цената на нафтата падна по најавата на…
Цената на меѓународно референтната нафта „брент“ падна…
Денес се празнува Светиот великомаченик Евстатиј Плакида
Голем римски војсководец од времето на царевите…