Со запаливо средство опожарил патничко возило: кривична пријава против пироман од Скопје

t

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице осомничено за кривично дело – Предизвикување општа оапсност по член 288 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 16 октомври, на улицата „Народни херои“ во Скопје, со бензин предизвикал пожар на паркиран автомобил во сопственост на друго лице. Бензинот го носел во пластично шише, го полеал автомобилот и го запалил, а со тоа предизвикал значителна опасност за животот и телото на луѓето.

Бидејќи постои опасност од бегство, но и веројатност осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од судијата на претходна постапка побара да биде определена мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Со запаливо средство опожарил патничко возило: кривична…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и…

Пандов: Еден осуденик месечно ја чини државата…

Директорот на Управата за извршување на санкции,…

ОЈО истражува евентуално кривично дело во КХС…

Основното јавно обвинителство Скопје постапува и презема…

Кремљ: Нема конкретен термин за самитот Путин…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави…

ВЛЕН повикува на обединување на сите албански…

ВЛЕН и нивниот кандидат Хаким Рамадани кој…