Нема конкретен термин за самитот Путин – Трамп, соопшти Кремљ

t

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека ниту рускиот ниту американскиот претседател не објавиле конкретен термин за одржување на средба.

– Ниту Владимир Путин, ниту Доналд Трамп, не објавија конкретен термин. И американската и руската страна изјавија дека ова може да потрае – посочи Песков, додавајќи оти подготовките за претседателската средба се сериозни.

Претходно, американски медиуми објавија дека е одложена средбата помеѓу шефовите на дипломатијата на САД и Русија, Марко Рубио и Сергеј Лавров. Со одложувањето на нивната средба се пролонгира и очекуваната средба на Трамп со Путин.

Рускиот заменик-министер Сергеј Рјабков наведе дека средбата Лавров – Рубио бара претходни подготовки.

– Не можеме да одложиме нешто што не е договорено. Не го потврдивме она што го пишуваа некои западни извори вчера. Немавме јасно дефинирано ни време ни локација за таква средба. Постои идеја за одржување на таква средба – истакна Рјабков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема конкретен термин за самитот Путин –…

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави…

Анализа: Партиите со значителен пад на гласови…

Споредбата на гласовите освоени на вчерашните локални…

Европратениците го осудија заплашувањетo, апсењата и државно…

Европските пратеници го поддржаа правото на српските…

Министерството за здравство: Немаме никаква обврска ниту…

Министерството за здравство, како правен субјект, нема…

Макрон: Мостовите и хуманитарните патишта кон Газа…

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека…