Објавено на:

Неизвесна средбата Трамп – Путин во Будимпешта

t

Одложена средбата меѓу Марко Рубио и Сергеј Лавров…Состанокот меѓу американскиот државен секретар и шефот на руската дипломатија – кој требаше да биде подготовка за самитот меѓу Трамп и Путин во Будимпешта, засега е одложен на неодреден период.

Од руското министерство за надворешни работи велат дека не може да се одложи нешто не било ниту договорено…Порачуваат и дека вакви состаноци бараат претходни темелни подготовки со оглед на тоа дека на маса ќе се најде прашањето за војната во украина, билатералните односи и економската агенда…

Сергеј Рјабков – заменик министер за надворешни работи на Русија

„Не можеме да одложиме нешто што не е договорено. Не го потврдивме она што го пишуваа некои западни извори вчера. Немавме јасно дефинирано ни време ни локација за таква средба. Токму затоа што значењето на таков настан е толку големо, тој бара подготовка. И тоа е она што го правиме. Постои идеја за одржување на оваа средба.“

Шефот на Руската дипломатија пак со порака дека воопшто не важно каде ќе се сретнат Трамп и Путин туку она што ќе го договорат двајцата лидери… Во меѓувреме, од Кремљ велат дека се уште е рано да се каже дали на состанокот ќе учествуваат и преставници на Европската Унија…

Сергеј Лавров – министер за надворешни работи на Русија

„Најважно не се местото и роковите. Најважно е како ќе се движиме напред во рамки на работите што беа договорени во Анкориџ.“, “

Од Белата куќа пак велат дека Трамп останува посветен на мирот и работи на изнаоѓање на решение кое треба да доведе до крај војната…

Ана Кели – заменик портпарол на Белата куќа

„Претседателот Трамп постојано работи на наоѓање мирно и дипломатско решение за да се стави крај на оваа бесмислена војна и да се запре убивањето. Тој храбро се ангажираше со страните од сите страни и ќе направи сè што е во негова моќ за да се постигне мир.“

Лидерите на европските земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција, Германија, Украина и Европската унија, со заедничка изјава дадоа поддршка за Украина и за напорите на американскиот претседател да стави крај на војната.

„Цврсто го поддржуваме ставот на претседателот Трамп дека борбите треба веднаш да престанат и дека сегашната линија на контакт треба да биде почетна точка за преговори. Мораме да го засилиме притисокот врз руската економија и одбранбена индустрија, сè додека Путин не биде подготвен за мир. “

Минатава недела, Доналд Трамп изјави дека е отворен за замрзнување на конфликтот долж линиите на фронтот…Од Русија веднаш возвратија со порака дека нивниот став за војната во украина останува непроменет…Кремљ и претходно ги одбиваше повиците за прекин на огнот, со образложение дека Украина би ја искористила паузата во борбите за прегрупирање и повторно вооружување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Неизвесна средбата Трамп – Путин во Будимпешта

Одложена средбата меѓу Марко Рубио и Сергеј…

Трамп: Сојузниците подготвени да испратат војска во…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес потврди дека…

Силна експлозија и густ чад: Изби голем…

Голем пожар избил во унгарската рафинерија на…

Орце прифати дебата со Амар, ќе се…

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце…

Најскапиот стан е продаден во Центар –…

Во третиот квартал годинава најголема постигната цена…