Трајковски: Партиската победа на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН мириса во Скопје

t

Тоа не се само пренатрупани контејнери, тоа се споменици на благодарноста што Скопјани ѝ ја изразуваат на старо-новата власт во градскиот совет, но и на мајтапењето на власта со своите граѓани. Кога ќе поминете покрај овие уметнички инсталации, треба да се потсетите до каде ве довела вербата во телевизиската пропаганда и партиските билборди.

Додека сметот мириса, мириса и глупоста на тие што гласале за истата власт што ги довела дотука. Секое кесе, секој изгниен остаток од храна е демократски израз, крукче на гласачкото ливче и материјален доказ дека пропагандата им успеала.

На сите нека им биде јасно, властите никого не изневерија. Тие само точно го исполнија она што овој народ го заслужува – ветувања без покритие и лична корист за политичарите.

Па, драги граѓани, кога следниот пат ќе го земете гласачкото ливче, не заборавајте: ако сакате Скопје да ви биде чисто, не е доволно да ја фрлите кесата во контејнер. Поважно е да ја фрлите илузијата дека тие што го донеле градот до ова дереџе заради партиска тврдоглавост – можат и да го спасат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Вулин се јави од Москва, негира…

Александар Вулин пристигна во Москва, каде што…

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…