Уапсен бегалец од затвор кој бил осуден за убиство – во бегство бил повеќе од две години

t

Лишен од слобода бегалец од затвор кој бил осуден за убиство на затворска казна од осум години.

Како што информираат од МВР, денеска (23.10.2025) околу 07:10 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка -Отсек потрага во с. Манастирец, општина Росоман, од слобода е лишен Б.Л.(38), кој бил баран по централна потерница поради бегство од КПУ Затвор Штип од 18.08.2023 година.

Б.Л. е осуден за сторено кривично дело по чл.123 (убиство) на казна затвор во траење од осум години, а за доиздржување има уште четири години, девет месеци и 24-денови.

Од МВР посочија дека тој е предаден во КПУ Затвор Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен бегалец од затвор кој бил осуден…

Лишен од слобода бегалец од затвор кој…

Мециновиќ прифати покана за дебата на Телма…

Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Град…

По спектакуларниот раст, цената на златото го…

Цените на златото вчера малку се опоравија…

Борбата за национална слобода е и борба…

ЧЕСТИТКА ОД ССМ ЗА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА…

(Видео) Се сруши па експлодираше авион во…

Во авионска несреќа на аеродромот Парамило во…