После неколку часа молк ВМРО-ДПМНЕ ја демантираше прес-конференцијата на СДСМ за мигрантите – Но не одговорија дали ќе се градат камови за азиланти во Македонија!
ВМРО-ДПМНЕ остро регира на денешната прес-конференција на Богданка Кузеска од СДСМ, која побара премиерот Христијан Мицкоски јавно да одговори дали за време на посетата на владината делегација во Велика Британија било разговарано за прифаќање мигранти и отворање мигрантски кампови во Македонија.
Од ВМРО-ДПМНЕ ваквите настапи на СДСМ ги опишаа како правење штета на државата, а на социјалдемократите им порачаа да се реформираат.
„Реформирајте се, ставете прст на чело, погледнете се во огледало и престанете да правите штета на државата и како опозиција со истите и повторно истите бесмислености“, се вели во реакцијата.
Со вакви лаги, велат ВМРО-ДПМНЕ, не се добива доверба кај граѓаните. „И после едвај 120 илјади гласови добиени додека се на пат на пасокизација, да ја доживеат судбината на левата грчка партија која се распадна, СДСМ продолжува со истите глупости и измислици“, додаваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пронајдена почината 65-годишна жена во стан
Вчера во 09:35 часот во СВР Скопје…
Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри,…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на…
Трагедија: Шестмесечно бебе донесено починато во Поликлиниката…
На 26.08.2026 околу 21:15 часот во СВР…
Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција…
Со изградбата на интерконекторите со Грција и…
Ќе се тестираа живина по дворовите за…
Од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)…