Влен и ДУИ во коалиција: Заедно отидоа во дијаспората за да обезбедат гласови да не победи Македонецот од ВМРО-ДПМНЕ!

t

По првиот круг од локалните избори во Брвеница, политичките активности се селат надвор од земјата.

Кандидатот на ДУИ, Енвер Пајазити, кој испадна од трката, и Хаќим Рамадани од ВЛЕН, кој успеа да се пласира во вториот круг, отпатуваа заедно во Германија, Австрија и Швајцарија, каде се среќаваат со иселеници од Брвеница. Целта на посетата е, според нивните објави, мобилизација на дијаспората за претстојното гласање на 2 ноември.

Во објава на Фејсбук, Пајазити напиша:

„Vllezërit tanë që jetojnë në Leverkusen e dhanë Besën!“
(„Браќата наши што живеат во Леверкузен го дадоа зборот!“)

Според содржината на постот, делегацијата составена од Пајазити, Рамадани, Аркин Јахији, Амир Муслији и Мумин Реџепи ги посетува македонско-албанските заедници во неколку европски градови со цел да ги охрабри гласачите од дијаспората да се вратат во Брвеница и да гласаат во вториот круг.

Во објавата е наведено и:

„Само ако сме обединети, победата е загарантирана.“

Вториот круг од изборите во Брвеница ќе се одржи на 2 ноември, кога кандидатот на ВЛЕН, Хаќим Рамадани, ќе се соочи со актуелниот градоначалник Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влен и ДУИ во коалиција: Заедно отидоа…

По првиот круг од локалните избори во…

Шокантни бројки: Македонците веќе се во ЕУ…

Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, се огласи на…

Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари…

Jавно изразената поддршка на Билал Касами за…

Ахмети: Не изгубив на избори за да…

Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското…

(Видео) Ни се заканува катастрофа! 111 илјади…

Актуарот Ристо Бајатов предупредува на остар демографски…