Рама: Трамп го промени светот, Европа мора да се адаптира
Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Европа треба да разбере дека светот се променил со изборот на Доналд Трамп за претседател на Соединетите Американски Држави и дека мора да се промени соодветно, објавува А2 њуз.
„Ако зборуваме за Европа, сè уште верувам дека кога Доналд Трамп рече дека Бог имал план за него и Америка и дека го спасил поради тоа по атентатот, мислам дека Бог го спасил него и ја спасил Европа. Европа треба да се собере ако сака да ја задржи својата релевантност и што е можно поскоро да сфати дека треба да се промени, почнувајќи со размислување за тоа што се случи со изборот на Доналд Трамп, но и за војната во Украина“, рече Рама на конференцијата Берлински глобален дијалог.
Тој додаде дека не го познава Трамп лично, но ги следи неговите објави на социјалната мрежа True Social. „Не го познавам добро, но на некој начин сите го познаваме добро, бидејќи е разоткриен и обликува нова ера, тој е многу искрен и директен. Тој повеќе не е на Твитер. True Social е на повисоко ниво. Тој е многу ангажиран и забавен, секако дека го следам“, рече Рама.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа вработува на големо во дата-центрите: Овие…
Побарувачката за работници во дата-центрите значително расте…
Белгискиот министер за одбрана: Европа ја чека…
Белгискиот министер за одбрана Тео Франкен предупреди…
Груевски бил пред времето: Европа воведува „Купувај…
Европа сака да произведува повеќе дома и…
ЦИА предупредува за руска закана со дронови…
Американските разузнавачки служби споделиле извештај со неколку…
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…