Влада за кандидатот на Влен од Брвеница: Ние сме за обединување околу вредности

t

По Билал Касами и кандидатот на Изет Меџити во Брвеница со повик за чисто етничка поддршка во вториот круг.

На социјалните мрежи се појави видео каде кандидатот за грдаоначалнк на Вреди во вториот круг Хаким Рамадани кој доаѓа од партијата на Изет Меџити порачува дека заедно со кандидатите на ДУИ бараат гласови за сите општини каде во втор круг се тркаат македонци и албанци, за како што вели да ја одбранат татковината и да покажат кој е газда во доминантно албанските општини.

Од владата за ТВ 24 коментирајќи го овој повик од нивниот коалицкси партнер наведуваат

ВЛАДА

– Нашиот став е јасен . Ние сме за обединување околу вредности наместо околу етнички прашања и теми кои предизвикуваат поделби. Тоа го очекуваме од сите зрели политички фактори затоа што секое спротивно однесување е слично од тоа на ДУИ кои беа жестоко поразени .

Барање за реакција од институциите стигна и Сојузот на борци од Народнослободителната и антифашистичка војна на Македонија од Тетово

НОАВМ

– Изјавите на Билал Касами, Хаким Рамадани, Енвер Пајазити и останати во кои повикуваат на етничко обединување и гласање против Македонците, одбрана на територии и слично се ретроградни, опасни и нанесуваат непоправливи штети. Секоја педа земја е македонска и на неа право има македонската држава која е дом на сите граѓани .

Етничкото галсање секаде каде што во вториот круг се тркаат кандидати на Вреди и Дуи контра кандидати на ВМРО ДПМНЕ , го најави како стартегија и и лидерот на Беса и кандидат за Тетово Билала Касами , по што доби политичка шлаканица од коалицскиот партнер Христијан Мицксоки да не смета на гласовите на ВМРО ДПМНЕ по што и Касами и Вреди отидоа офицјално чекор назад ..Од Вреди го потсетија Касами дека бараата Фатмиор Дехари да се повчеле од трката , но беа да повикаат да се галса за нивниот коалицкис партнер во Кичево и Брвеница . Касами вчера одби да го комнетира неговиот претходен повик етничко галсањ во Кичево и Брвеница

– Во овој период јас сум фокусиран на поддршката која треба да ја добијам од моите граѓани во Тетово, затоа што сега целиот ангажман ќе биде во тој правец. За другите теми има став дадено од коалицијата – рече Касами.

Kоалицискиот партнер Mицкоски , од чија партија не кандидираа свои кандидати во Tетово, Гостивар , Струга , Чаир и од првиот круг галсаа за кандидатите на Вреди му порача на Касами дека коалиици се прават врз основа на идеологии, а не на етничка припаднсот и дека ВМРО ДПМНЕ поднеле жртва кога во првиот круг галсале за Вреди. Според неофицијалните инфорамции токму етничките повици на Вреди , ќе пресудат за во вториот изборен круг ВМРО ДПМНЕ да се обиде да го пртаи Касами во опзоција .

Извор: Телевизија 24

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Влада за кандидатот на Влен од Брвеница:…

По Билал Касами и кандидатот на Изет…

Препораките за заштита од болести по наездата…

„Системски распад“ на кој сведочиме со недели.…

(Видео) Јакимовски до власта: Карпош на вода?…

Карпош на вода? Не, благодарам! Додека некои…

Ѓорѓиевски: За 72 часа ќе го исчистам…

Кандидатот за градоначалник за Град Скопје, Орце…

Вучиќ: Eвропратениците се патолошки лажговци и сериозно…

Српскиот претседател Александар Вучиќ упати низа навреди…