Министерот Минчев направил лапсус: Не се работело за нов Закон за двојазичност туку ќе се носи Закон за правична застапеност

t

Не се работи за нов Закон за употреба на јазиците, туку за Законот за правична застапеност кој е испратен на мислење во Венецијанската комисија.

Во врска со објавените интерпретации на изјавата на министерот за јавна администрација Горан Минчев, појаснуваме дека во гостувањето на Дневникот на Сител, министерот не мислеше за нов Закон за употреба на јазиците, туку за Законот за правична застапеност во јавниот сектор, кој е во завршна фаза на подготовка и испратен до Венецијанската комисија на мислење.

Станува збор за очигледен лапсус, техничка грешка во изразувањето, кој дел од медиумите го пренесоа.

Се извинуваме за настанатата грешка и за евентуалните недоразбирања што можеле да произлезат од неа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве како полицијата во Италија се подготвува…

Полицијата во Италија подготвува засилени контроли, надзор…

Франција распоредува 70.000 полицајци: Лувр и други…

Француските власти најавија распоредување на околу 70.000…

Сиљановска-Давкова-Бака: Потребни се реформи во меѓународните организации…

По повод одбележувањето на 70-годишнината од Унгарската…

Средба на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Георгиј со…

Денеска во Рим, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски…

„Конц-логор, деспотство од азиски тип“: Нови навреди…

Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател…