Објавено на:

Започна судењето за сајбер вознермирување на Брижит Макрон, на суд се 10 лица

t

Денес во Париз започнува судењето на десет лица обвинети за онлајн вознемирување на Брижит Макрон , во случај поврзан со лажни тврдења дека првата дама на Франција е родена како маж, објави Гардијан.

Брижит и Емануел Макрон покренаа правни мерки и во Франција и во САД против ширењето на лажни тврдења дека сопругата на францускиот претседател е родена како маж по име Жан-Мишел Троние.

Во САД, претседателскиот пар поднесе тужба за клевета кон крајот на јули против конзервативната подкастерка Кандис Овенс, која ги повтори лажните тврдења во своите онлајн емисии. Во тужбата се вели дека изјавите се „проверливи лаги“ и „кампања на глобално понижување и заплашување “.

Судењето во Франција е одвоено од постапката во САД и се однесува на тужба поднесена од Брижит Макрон во 2024 година. Десет обвинети – осум мажи и две жени, на возраст од 41 до 60 години – се судат во Кривичниот суд во Париз, обвинети за онлајн вознемирување на првата дама на Франција. Доколку бидат осудени, тие се соочуваат со затворска казна до две години.

Според обвинителите, обвинетите објавиле десетици навредливи и злонамерни коментари на социјалните медиуми за полот и сексуалноста на Брижит Макрон, а некои дури ја споредуваат нејзината разлика во годините со нејзиниот сопруг со „ педофилија “. Сите ги негираат обвиненијата.

Лажни гласини за родовиот идентитет на првата дама циркулираат од 2017 година, кога Емануел Макрон беше избран за претседател, а беа засилени во следните години од страна на крајнодесничарските кругови и круговите на теории на заговор и во Франција и во САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ разговараше со Макрон: Србија е посветена…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со…

Макрон: ЕУ не го искористи својот пазар…

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европската…

Франција има нова влада по неколкунеделната политичка…

Претседателот Емануел Макрон именуваше нова влада предводена…

Илјадници протестираа низ Франција откако Макрон ги…

Илјадници демонстранти излегоа на улиците низ Франција,…

Францускиот претседател Макрон утре и задутре во…

Францускиот претседател Емануел Макрон утре и задутре…