Зеленски: Санкциите од САД кон Русија не се доволни, потребни нѝ се ракети со долг дострел
Украинскиот претседател Володомир Зеленски за „Аксиос“ изјави дека новите американски санкции кон Русија ќе предизвикаат сериозна штета на руската воена машинерија, но и дека дополнително на Украина и се потребни ракети со долг дострел,со цел да го натера Путин да се согласи на мир.
„Претседателот Трамп е загрижен за ескалација. Но, ако нема преговори ескалацијата ќе се случи секако. Ако Путин не запре, мора да биде сопрен со нешто. Санкциите се едно такво оружје, но ни требаат и ракети со долг дострел“, рече Зеленски.
На состанокот во Белата куќа на 17 октомври, Трамп го отфрли барање на Украина за ракети „Томахавк“, а потоа го откажа самитот со Путин и воведе санкции кон Русија, за првпат во овој мандат.
На состанокот во Вашингтон, кој тој го опиша како „конструктивен, но во никој случај лесен“, Зеленски и Трамп разговараа за можен мировен план и потребата на Украина од ракети со долг дострел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Руските власти го уапсија главниот уредник на…
Уредникот на рускиот независен медиум „Новаја Газета“,…
Руте разговарал со Зеленски за важноста од…
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави…