Зеленски: Главната цел на Русите е да го освојат Покровск, битките се водат во самиот град
Руските трупи ги концентрираа своите главни ударни сили во правец на градот Покровск во регионот Донецк во Украина, каде што продолжуваат жестоките борби на територијата на градот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Разговарав со војската – посебно внимание се посветува на Покровск, како и на соседните области“, рече Зеленски во видео обраќање, објави Укринформ.
Тој истакна дека токму таму моментално се наоѓаат најголемиот број руски ударни сили и значајна офанзивна активност.
„Борбите продолжуваат во градот: ова е нивната главна цел – самиот Покровск. И секој резултат на нашите сили во оваа насока е резултат за цела Украина, за целата одбрана на нашата држава“, нагласи Зеленски, објави Танјуг.
Во текот на вчерашниот ден се случија 101 борбени судири меѓу украинските одбранбени сили и руските трупи, борбите продолжуваат на шест фронтовски линии, при што руските сили најактивно напаѓаат во Костјантинивска и Покровска, а исто така покажуваат зголемена активност во Александровск, според Укринформ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија забрани опозициската Јаблоко да биде на…
Врховниот суд на Русија ја поништи регистрацијата…
Разбиена руска шпионска операција во Шведска
Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…
Најмалку 13 лица се загинати во напад…
Во објава на Икс се споделува видео…
Москва го пофали Радев
Москва забележува промена во реториката на Софија…
„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека…