Двајца работници загинаа во експлозија во рудник во Австралија

t

Маж и жена загинаа денеска во експлозија во подземен рудник во Австралија, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.

Мажот почина на местото на настанот по експлозијата во рудникот Ендевор во Кобар, околу 600 километри северозападно од Сиднеј во Аутбек Нов Јужен Велс, рано утрово.

Две жени беа изнесени. Едната подоцна почина, додека другата е на лекување во болница поради шок и оштетување на слухот, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.

Градоначалникот на Кобар, Џарод Марсден, потврди дека двете жртви и повредената жена биле работници во рудникот, каде што се вадат сребро и олово.

-Заедницата на Кобар е во жалост, се вели во соопштението на Марсден. „Советот и персоналот како членови на заедницата се погодени на некаков начин и јас, како градоначалник, изразувам сочувство до семејствата и најблиските на загинатите рудари.“

Полицијата соопшти дека истражува и подготвува извештај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца работници загинаа во експлозија во рудник…

Маж и жена загинаа денеска во експлозија…

(Видео) Ова е надеж дека некое дете…

Зборуваме во име на оние 62 души…

Блупринт група со поддршка за родителите од…

Ја даваме оваа изјава во поддршка на…

Родителите од Кочани бараат одговорност од државата…

Роднините на загинатите во пожарот во дискотеката…

Власта на Вучиќ сака да ја затвори…

Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, на…