(Видео) Лов на вештерки во Скопје – Директорот на КХС дознал од телевизија дека е уапсен половина час пред полиција да тропне на неговата врата!

t

Христијан Мицкоски очигледно е сериозно загрижен за политичките процеси кои се случуваат во Македонија, процеси кои доведоа до тоа да за само година дена неговата опција да загуби неверојатни 140 илјади гласови во првиот круг од локалните избори.

Мицкоски е свесен дека инаетот кој го водеше со Данела Арсовска денес многу скапо го чини, а веројатно цената за тоа е неуспехот на Орце Ѓорѓиевски да победи уште во првиот круг на локалните избори во Скопје.

До последен момент Мицкоски сметаше дека може политички да капитализира од проблемот со сметот во Скопје со онаа добро позната популистичка стратегија за создавање проблем кој потоа ќе го решиш, во дадениот пример блокирај го градот, прикажија актуелната градска администрација како неспособна да го собере сметот, а потоа прикажи ги твоите кандидати за градоначалници како месии кои со механизација од други општини ширум државата ќе го спасуваат Скопје од Данела Арсовска.

За негова жал, а за среќа на скопјани овие анахрони политички тактики се покажаа неуспешни затоа што првото прашање кое си го поставија граѓаните на главниот град беше: „Ако можеше некој друг да го исчисти Скопје зошто тоа не беше направено порано туку одлуката беше донесена на недела дена пред вториот круг од локалните избори?“

За ова логично и едноставно прашање, ПР машинеријата на ВМРО-ДПМНЕ немаше никаков одговор. А најголем дел од жителите на Скопје конечно сфатија дека Скопје денес е такво какво што е поради личната пизма на Христијан Мицкоски кон Данела Арсовска и дека премиерот е подготвен Скопје да гори до темел само за градоначалничката на крајот од денот да не биде во право.

Откако пропадна првичната страгегија на создавање проблем и нудење на решение, Мицкоски помина во непосакуваната втора фаза, а тоа е контрола на штетата.

Втората фаза е апсењето на директорот на Комунална Хигиена Скопје и еден од раководителите во претпријатието.

Дека се работи за политичка ПР стратегија докажува и фактот што директорот Сабахадин Рустеми според наши сознанија дознава дека е „уапсен“ од телевизија Канал 5 половина час пред полицијата воопшто да тропне на неговата врата што значи дека за Мицкоски било поважно тоа да се појави на насловните страни во медиумите и централните дневници на националните телевизии одошто наводниот виновник да биде обезбеден од страна на органите на прогонот.

Прашањето кое што денес повторно логично си го поставуваат Скопјани е: „Зошто Рустеми е уапсен денес на неколку дена пред избори, кога проблемот со собирањето на сметот се случува веќе неколку месеци?“

Ова е прашањето на кое ПР машинеријата на ВМРО-ДПМНЕ нема одговор затоа што повторно не враќа на основнат теза дека нивната стратегија беше да создадат проблем кој потоа ќе го решаваат.

И тука доаѓаме до прашањето кое Славица Арсовска му го постави на Амар Мециновиќ, но немаше храброст во ниту еден наврат да му го постави на Христијан Мицкоски или било кој друг политичар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, прашањето за надзорниот и управниот одбор на КХС и сите останати јавни, со тоа што би надаполнил во тоа прашање каква е улогата на Советот на Град Скопје?!

Во самиот старт мора да се напомене дека апсолутно мнозинство во надзорниот и управниот одбор на КХС имаат членовите кои се делегирани и поставени од ВМРО-ДПМНЕ и лично од Христијан Мицкоски. Законите и правилниците за работа на овие тела се такви да разрешувањето на членовите и претседателите може да го направат само мнозинство на членови во овие одбори, а како што знете мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ.

Самото име управени одбор укажува на тоа кој го води претпријатието, но официјалната дефиниција е дека се работи за орган на управување.

За да биде појасно мора да направиме споредба со приватните компании кои се водат од истите начела, директорот на јавно претпријатие е во улога на CEO кратенка која означува „Chief executive officer“ или на македонски извршен директор.

Самиот збор извршен директор значи дека тоа е човекот на кој му е делегирана извршната функција, а кој му ја делегира па се разбира управниот одбор односно оние кои управуваат со претпријатието.

Управниот одбор на Комунална хигиена е оној кој што одлучува за тоа колку пати во неделата ќе се собира сметот во градот, колку механизација и вработени се потребни, дали да се набави нова механизација, да ли да се вработат нови луѓе, во колку смени треба да работи претпријатието и со кој капацицет буквално се што може да ви падне на памет.

А директорот?

Директорот ги спроведува одлуките на управниот одбор.

Ако извршниот одбор ја делегирал задачата на директорот во случајот Рустеми, а не му ги обезбедил потребните средства за работа тогаш членовите на извршниот одбор треба да одговораат за саботажа на претпријатието.

Надзорниот одбор е еден од клучните органи на една компанија како што кажува самото име тој ја следи работата на директорот и на управниот одбор. Негова главна цел е да ја надгледува работата на членовите на управата на компанијата и се грижи за постигнување на поставените задачи на долг рок.

Ако надзорниот одбор увидел затоа што морал да увиди дека некој ја саботира работата на јавното претпријатие, зошто тоа не го пријавиле, зошто тоа не го нотирале? Каде е нивната одговорност за работата на КХС?

И МВР на Панче Тошковски целата вина ја за состојбата во Град Скопје ја наоѓа само кај две лица и што е најважно и двете лица не се членови на неговата партија или на некој од коалиционите партнери.

Како е можно никој од управниот или надзорниот одбор да нема никаква одговорност па макар за тоа што не ја спречилили саботажата во КХС и не ги алармирале институциите за состојбата со сметот во Град Скопје?

Патем управниот одбор е предводен од Јулијана Спировска која е осудена за смртта на четворица пилоти за хеликоптерската несреќа во Струмица како тогашна директорката на ЈП „Македонска радиодифузија“.

Имено пилотите загинаа затоа што Спировска соодветно не обележала рафиодифузна кула со што сторила тешки дела против општата сигурност по член 292 во врска со член 288 став два и еден и член 22 од Кривичниот закон.

И токму ваков човек делегираше Христијан Мицкоски со единствена цел да ја блокира работата на јавното претпријатие да не дозволува да функционира нормално за да се пресмета со Данела Арсовска за што цело Скопје ја плати цената.

Инфомакс имаше обид да ја сними и да ја следи работата на управниот одбор на КХС, но седницата беше прекината за да не види цела Македонија кој и со каква цел ја блокира работата на едно од клучните јавни претпријатија во Град Скопје.

Во самото видео директорот Рустем посочува дека не му се гласаат програмите, не му се дозволува набавка на нова механизација и врабувања и се блокира работата на КХС токму од страна на управниот одбор, а фактот што претседателката Спировска не дозволи снимање на текот на една седница упатува на тоа дека сака нешто да сокрие.

А што да сокрие?

Да сокрие кој ја саботира работата на КХС, кој го затрупа Скопје со смет, кој е виновен што во 21 век во 2025 година по скопските улици има повеќе глодари одошто луѓе

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Лов на вештерки во Скопје –…

Христијан Мицкоски очигледно е сериозно загрижен за…

Приведен велешанец поради напад врз колешка во…

На 27 октомври 2025 година, околу 15:30…

Во сабота е Митровденската задушница

Православните христијани во сабота ја одбележуваат Митровденската…

Во Србија се предлагаат казни од 40…

Агенцијата за безбедност во сообраќајот предлага построги…

Истрага за загрозување на животната средина со…

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…