Апасиев: Не е хендикеп да си борец како Амар, хендикеп е да си привилегиран примитивец

t

*Фејсбук статус на Претседателот на Левица, Димитар Апасиев

Имаш БРИЛИЈАНТЕН млад човек кој живее со самохрана мајка во Чаир и има просек 9.8 на политички студии. Но, сиромаштијата (во која не’ втурнаа да живееме овие транзициски пацови) затропува и на вратата на ова семејство. Па апсолвентот, кој течно говори четири јазици, мора да ги стави студиите во мирување и да почне да работи како градежен работник, на бензиска пумпа, у месара, како хонорарен новинар, диспечер и фриленсер – за да може да преживее и да плаќа сметки.

Од паричната НАГРАДА по победата на Ораторската вечер си го купува првиот лап-топ у животот и машина за миење садови на Мајка му (која го израснала во начитан, културен и воспитан Човек).

Му пука филмот од трулото општество и решава ПОЛИТИЧКИ да се ангажира, ама не се шитнува на ВМРО-СДСМ шемата за да го вработат на државно. Го одбира потешкиот пат, па учествува во градењето на нова неискварена левичарска Партија, на која подоцна и станува портпарол.

И доаѓа привилегиран примитивец од злосторничкото здружение ДПМНЕ (политиколог од ЕВН, буткан цел живот со врски) и пред цел народ, на наместена утакмица, елитистов му вика на нашиов: – “Тоа е твој ХЕНДИКЕП”!!!

Каков хендикеп бе, мамлаз!? Тоа е БЛАГОСЛОВОТ на левичарите! Што Животот ги направил нескршливи борци-лавови, а не мачиња со фејкерска напувана ароганција.

Ете затоа, ќе тонете секој ден во очите на јавноста. Оти имаме онтологија, знаење и капацитет да го извадиме вашиот гаден ЛОШОТИЛАК на ачик, да го видат сите и да се згрозат у секунда. А со зло не можете вечно да владеете. Тоа е космичко правило.

И затоа, во недела, нормален УРБАН СКОПСКИ СВЕТ ќе се поистовети со ова искрено Момче, кое е делегатот на својата намачена генерација и ќе ви пресуди елегантно. Со пенкало. За вјек и веков. Амин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Не е хендикеп да си борец…

*Фејсбук статус на Претседателот на Левица, Димитар…

Левица: Зошто Мицкоски молчи за криминалот на…

Иако Левица неколку месеци алармира за сериозни…

(Видео) Кандидатот за градоначалник на Кичево од…

Фејсбук страницата Трета опција на социјалните мрежи…

Левица: Кандидатите на ВЛЕН шират шовинистичка реторика…

Скандалозните изјави на кандидатот за градоначалик на…