Александар Јовановски е новиот директор на „Комунална хигиена“ – Скопје
Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за инспекторат, а претходно искуство има и во Секторот за локален економски развој.
„Александар има повеќегодишно искуство во приватниот сектор во трговија како раководител на организациска единица, а со работен ангажман во Здружението за заштита и унапредување на животната средина работел на реализација на еколошки и општествено одговорни проекти. Јовановски има високо образование за менаџмент на Универзитетот ‘Гоце Делчев’ во Штип и има меѓународен сертификат за институционални пристапи за заштита на животната средина. Со своето образование, професионално искуство и ангажман во јавниот и во приватниот сектор, Јовановски ќе придонесе во КХС – Скопје за унапредување на стандардите на јавното претпријатие, модернизација на системите за управување со отпадот и одржување чиста, здрава и еколошки одговорна животна средина во градот Скопје“, соопштија од Град Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ : Србија нема да воведе caнкции…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека…
ЕДНА НЕДЕЛА ЗГРАДАТА НА МРТ НЕМА ВОДА!…
Вработени во зградата на Македонската радио телевизија,…
ХОРОР: Марија, мајката на убиеното дете Александар…
„Нефункционалните институции ми го убија детето. Мојот…
Неправилно одлагање отпад во седум скопски општини…
Како што информираат од претпријатието ЈП Комунална…