(Фото) Злоупотреба на деца во политички цели – Кандидатите објавуваат фотографии со деца од настани и митинзи!
Кандидати за градоначалници се фотографираат и на социјалните мрежи објавуваат фотографии со деца на настани, низ училишта, градинки, но што е најскандалозно, за време на митинзи.
Ваквата пракса, за жал, е редовна појава во земјава.
- Биљал Касами, Тетово
Биљал Касами, кандидат за градоначалник на Тетово, на социјалните мрежи има споделено повеќе фотографии и видеа каде има деца, воедно се повикува на гласање за неговата опција.




2. Драганчо Саботковски, Могила
Кандидатот за градоначалник на Могила, Драганчо Саботковски, исто така објавува фотографии и видеа кои прикажуваат деца. Фотографиите се од партиски настани, како и објави за време на кампањата, кога истите имаат својство на кандидати за градоначалници.




3. Жарко Ристески, Македонски Брод
Фотографии со деца за време на кампања има објавено и кандидатот за градоначалник на Македонски Брод, Жарко Ристески. Истиот е актуелен градоначалник.

4. Димчо Атанасовски, Македонска Каменица
Атанасовски е и актуелен градоначалник на Македонска Каменица. Истиот има полиитчка содржина во описот на објавата во која доминираат ученици кои се малолетни.

5. Златко Ристов, Конче
Политички пораки за време на предизборна кампања, а со деца на фотографиите се објавени и кај актуелниот градоначалник и кандидат за втор мандат, Златко Ристов.

6. Сотир Лукровски, Карпош
На партиските митинзи на Лукровски имало и деца, истите се фотографирани и објавени на Фејсбук страницата на Лукровски.

7. Борчо Коцев, Зрновци
Коцев е и актуелен градоначалник на Зрновци, а функцијата ја злоупотребува за време на изборна кампања така што споделува фотографии со малолетни лица.

8. Дејан Митески, Аеродром
Митески е актуелен градоначалник на Аеродром кој за време на изборна кампања ја искористува актуелната функција за објавување на настани со малолетни лица.

Ова се кандидатите кои се натпреваруваат во вториот круг од локалните избори.
Доколку се проверат профилите на сите кандидати кои учествуваа во првиот круг, веројатно кај добар дел од кандидатите ќе се најдат фотографии и видеа од деца.
Фотографиите со деца предизвикуваат позитивен сентимент кај граѓаните и сами по себе се корисни за кандидатите, меѓутоа истите не смеат да се сликаат, снимаат, ниту да објавуваат фотографии со деца. Како што можевте да зебележите, речиси кај сите горенаведени самите кандидати се фотографирани со деца.
Реакција за ваквата појава би требало да има од Хелсиншкиот комитет, ААВМУ и Државната изборна комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Историски најниска излезност на локалните избори: За…
Одѕивот на изборите за градоначалници и советници,…
МВР презема мерки за мирен, фер и…
Министерството за внатрешни работи за време на…
Османи: Србија се обидува да купи гласови…
Косовскиот претседател Вјоса Османи изјави дека Србија…
Истрага за злоупотреби и малтретитање во приватни…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…
УНИЦЕФ: На 26.000 деца во Појасот Газа…
Над 10.000 деца во градот Газа имаат…