(Видео) Морничав потег на премиерот во Кочани: Во очи Задушница Мицкоски на митинг со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ
Премиерот, Христијан Мицкоски повлече морничав потег во пресрет на престојниот втор круг од локалните избори во Македонија.
Во очи Задушница се одлучи да оди на митинг со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов во Кочани каде остварија средба со претставници од бизнис секторот во градот.
Кочанчани се гневни затоа премиерот организира ваков тип на коктел забава, мини митинг во градот во очи на Задушница имајќи во предвид дека пред само 7 месеци 63 млади лица го загубија животот во дискотеката Пулс, а родителите од Кочани поради Задушница го откажаа и протестот.
Неофицијално дел од граѓаните се обиделе да му посочат на премиерот дека денес е Задушница и дека ваквиот настан е неприкладен, но поради огромното полициско присуство биле спречени да се доближат до локалот во кој се одржува коктел забавата.
-Ќе продолжи изградбата на ХС Речани ( брана на Оризарска река), средства се обезбедени. Но најпрвин треба да се расчистат одредени “дејаниа” претходно направени. Тоа ќе биде сторено за неколку месеци, рече вечерва во Кочани, во ресторанот Аледар, премиерот Кристијан Мицковски на средбата со стопанствениците од Општината. Присутна е и министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочовска, и членот на Владата, Љупчо Димовски
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пет активни пожари на отворено, три се…
На територија на државата денеска до 18…
Повеќе од 150 загинати и 600 исчезнати…
Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните…
Ужасен напад врз автобус во Украина: девет…
Девет луѓе беа убиени во украински напад…
САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција
САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција…
Почина легендарниот актер Тим Кари
Актерот Тим Кари, кој почина на 80-годишна…