Наставничка од Кавадарци фотографирала разговори на колешка на интернет и ја кодошела кај директорката
Наставничка од Кавадарци и директорката на училиштето на суд ќе докажуваат дека се невини бидејќи полицијата поднесе кривични пријави за двете.
Полицијата ги обвинува наставничката со иницијали В.Т.(47) и нејзината директорка М.Т.(52) за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем” и „злоупотреба на лични податоци”.
„В.Т., вработена како наставничка во училиште во Кавадарци, прво на 04 септември во една од училниците, на службен лаптоп го затекнала отворен приватниот профил на социјална мрежа на една колешка и ги фотографирала приватни разговори, со цел да ги пренесе на директорката М.Т.. Потоа успеала да ја пронајде и лозинката од профилот на оштетената, по што на 05 и на 07 септември повторно неовластено фотографирала лични пораки на колешката и ги пренела на директорката. Во меѓувреме директорката ги препраќала пораките и на други колеги“, информира МВР.
На 19 септември на наставнички совет што се одржал во училиштето, откако оштетената наставничка укажала дека непознато лице фотографирало нејзини приватни разговори кои се пратени до други лица, директорката М.Т. ѝ се заканила дека доколку пријави, сите пораки што ги поседува ќе ги испрати до други колеги.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Наставничка од Кавадарци фотографирала разговори на колешка…
Наставничка од Кавадарци и директорката на училиштето…
25-годишник ограбил две филијали за брз кредит
На 26.10.2025 во Скопје, полициски службеници од…
При ископ со багер пронајдени коски кои…
Г.Ј.(39) од Пехчево вчера во 11.55 часот…
Обезбедено и санкционирано е лицето кое со…
Обезбедено и санкционирано е лицето кое со…
Турски државјанин донесен со тешки повреди во…
Во вторникот починал 61-годишен турски државјанин откако…