До 13 часот излезноста изнесува 19,96 отсто — најмногу гласачи во Пробиштип, најмалку во Сарај
На ниво на цела држава, излезноста до 13 часот изнесува 19,96 отсто, односно 134.124 гласачи, соопшти Државната изборна комисија.
Тоа е благо намалување во споредба со првиот круг, кога излезноста во истиот термин беше 20,12 отсто.
Најголем интерес за гласање досега има во Пробиштип, со излезност од 36,66 отсто, а најслаб одѕив е забележан во Сарај (3,58%), Чаир (5,35%) и во Шуто Оризари (12,78%). Ниска излезност е регистрирана и во Куманово, каде до 13 часот гласале 13,34% од запишаните избирачи.
До 13 часот 15,28 проценти од гласачите гласале на вториот круг од локалните избори за градоначалник на Град Скопје, односно 71.849 луѓе, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).
Во споредба со првиот круг, забележан е помал одѕив, бидејќи тогаш на гласање излегле 20,07 проценти од скопјани.
Највисока излезност во главниот град е забележана во Карпош – 22,14%, а зад неа е Центар – 21,58%. Во Кисела Вода гласале 19,57% од избирачите, во Аеродром – 19,21%, додека во Ѓорче Петров излезноста изнесува 15,92%.
Во Гази Баба до 13 часот гласале 14,24%, во Бутел – 13,30%, а најниска излезност има во Сарај – само 3,57%. Во Чаир на гласање излегле 5,34% од граѓаните, а во Шуто Оризари – 12,78%.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
До 13 часот излезноста изнесува 19,96 отсто…
На ниво на цела држава, излезноста до…
До 11 часот гласале 10,1 отсто од…
Според најновите податоци на Државната изборна комисија,…
Излезеноста до 9 часот е 2,88 проценти
Одѕивот на вториот круг од локалните избори…
Историски најниска излезност на локалните избори: За…
Одѕивот на изборите за градоначалници и советници,…
МВР презема мерки за мирен, фер и…
Министерството за внатрешни работи за време на…