Спречен обид за бугарски воз на 5 места во Карпош – власта во паника поради големата излезност
Инфомакс ексклузивно дознава дека на 5 гласачки места во општина Карпош е направен обид од страна на власта да се прави т.н. бугарски воз.
Имено на 5 избирачки места биле скинати по две гласачки ливчиња од кочанот, но биле спречени од страна на набљудувачите да бидат изнесени надвор од гласачкото место.
За овие инциденти кои сериозно може да го нарушат демократскиот процес е направен записник и се известени соодветните институции.
Бугарскиот воз, во Бугарија познат како индиски стринг, е метод на местење гласови со цел да се влијае на изборниот процес преку контрола на гласачките ливчиња.
Информациитe,велат дека власта се одлучила на ваков потег бидејќи е во паника поради големата излезност во Карпош која некаде до 15 часот е повеќе од 32 проценти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спречен обид за бугарски воз на 5…
Инфомакс ексклузивно дознава дека на 5 гласачки…
Акиов: Невидена тортура врз Ромите во Кочани…
Невидена тортура цела недела ни прави полицијата…
Среде втор круг се распадна владината коалиција…
„Срамота е! Градоначалникот на Општина Јегуновце превезува…
Тетовец од возилото вперил пиштол кон полицајци
Триесет и седум годишник од Тетово доби…
Нетанјаху: Ќе бидат уништени и двете преостанати…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на почетокот…