ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 19 општини, СДСМ во 4, ВРЕДИ во 4, НАИ во 1 и Унија на Роми во 1

t

Според првичните резултати објавени од Државната изборна комисија (ДИК), по преброени 45,35% од гласовите, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ водат во 19 општини. СДСМ води во 4, исто како и Коалицијата Вреди. Националната алијанса за интеграција (НАИ) води во една општина, а Унијата на Роми има предност во Шуто Оризари.

ВМРО-ДПМНЕ води во Град Скопје, Аеродром, Валандово, Виница, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Долнени, Карпош, Кичево, Кочани, Лозово, Македонски Брод, Неготино, Могила, Пробиштип, Росоман, Чешиново-Облешево и Чучер Сандево.

Кандидатите на СДСМ имаат водство во Крушево, Македонска Каменица, Ранковце и Центар.

Коалицијата Вреди води во Тетово, Боговиње, Брвеница и Дебар, додека Националната алијанса за интеграција (НАИ) има предност Студеничани. Унијата на Роми води во Шуто Оризари.

Во Струга води независниот кандидат Менди Ќура

Гласањето во вториот круг се одвиваше во 32 општини и во Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…

Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…