Eве кои нови пратеници ќе ги заменат тројцата кои станаа градоначалници

t

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница ги потврди новите тројца кандидати што ќе станат пратеници наместо досегашните членови на Собранието кои беа избрани за градоначалници на локалните избори.

На местото на Бети Стаменковска-Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Продановски, во парламентот ќе седнат Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов.

Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека според редоследот на кандидатите од коалицијата „Твоја Македонија“, Николовска и Стојановски доаѓаат од изборната единица 1, а Андонов од изборната единица 4.

Стојановски, како што појасни Кондарко, ќе го заземе местото на Игор Николовски, кој претходно ја известил Комисијата дека се откажува од мандатот.

По донесената одлука, ДИК ќе издаде уверенија за новите пратеници и ќе го извести Собранието, кое потоа треба да ги верификува нивните мандати.

Претходно, Собранието констатираше престанок на мандатите на тројцата пратеници на ВМРО-ДПМНЕ – Јане Мицевски, Бети Стаменковска-Трајковска и Дејан Продановски, кои беа избрани за градоначалници во Сопиште, Кисела Вода и Прилеп на локалните избори одржани на 19 октомври и 2 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Огласи за пет вработувања во Собранието, платите…

Отворени се огласи за пет работни места…

Продолжува расправата за ребалансот на Буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска…

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на сеќавање…

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден…

Денеска ќе бидат доставени имињата на новите…

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во текот…

Собранието ја изгласа потребата за носењето на…

Собранието со 59 гласа „за“, три гласа…