ДУИ ќе одржи партиски конгрес до 20 декември

t

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одржа седница на Централното претседателство во седиштето на партијата во Мала Речица, свикана од претседателот Али Ахмети. На состанокот е донесена одлука партискиот конгрес да се одржи најдоцна до 20 декември.

„Дискутиравме за политичките и внатрепартиските процеси, како и за состојбата во коалицијата. Имајќи го предвид истечениот рок за конгресот и актуелните политички прилики, беше одлучено истиот да се организира до 20 декември“, изјави потпретседателот и портпарол на партијата, Арбер Адеми.

На новинарско прашање дали било разговарано за можни оставки по резултатите од локалните избори, Адеми рече дека тоа не било тема на дневен ред, бидејќи ќе следуваат внатрепартиски избори.

„Претседателот Ахмети вчера јасно порача дека пораката од граѓаните е разбрана. И покрај промените на локално ниво, ДУИ на национално ниво останува најголемата политичка опција со повеќе од 23.000 гласови предност. Сепак, резултатите во некои општини укажуваат на потреба од промени, што ќе биде дел од процесот на конгресот,“ истакна Адеми.

На седницата е формиран и организационен одбор за подготовка на конгресот, составен од осум членови на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Поминаа 24 часа – ВРЕДИ се…

„Поминаа 24 часа од барањето за предвремени…

ДУИ: Да одиме на избори

„Демократската унија за интеграција ја поздравува подготвеноста…

ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…

ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на државно…

„Повторно се изведуваат градежни работи на објектот…

ВЛЕН: ДУИ САМА ПРИЗНАВА ДЕКА ФУНКЦИОНИРА КАКО…

Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…