ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ ВОДА?
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да го спаси Артан Груби, толку повеќе изгледа дека го пушта низ вода. И минатиот пат кога тврдеше дека нема да има обвинение и дека Груби ќе излезе на слобода, се случи спротивното. На Груби му беше продолжен притворот и започна постапката против него.
Што сака да спречи Ахмети? Дали се плаши од тоа што Груби би можел да го каже? Или свесно го жртвува Груби, мислејќи дека така ќе си го расчисти патот за враќање на власт?
Со тврдењето дека Груби е невин, Ахмети всушност одработува тој да биде осуден.
Јавниот политички притисок врз судот во случајот на лице од црната листа на САД може да предизвика само спротивен ефект. Оваа коцкарска тактика на Ахмети само ја забрзува неговата политичка пензија. Прашање на време е кога незадоволството во ДУИ ќе излезе на површина.
Две години им продава бајки дека само што не се вратиле во Владата. Не се вратија, а на локалните избори доживеаја дебакл. Сега се обидува и случајот на Груби да го претвори во уште една политичка коцка. Само што овојпат на коцка не е само Груби, туку и самиот Ахмети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) ДУИ ја прославува победата во Брвеница
Демократската унија за интеграција (ДУИ), како предводник…
Официјално: Кандидатот на ДУИ победи во Брвеница
Кандидатот на ДУИ, Аркин Јахиј, победи во…
ВЛЕН: Платите растат како резултат на новите…
Подобрувањето на животниот стандард е во центарот…
(Видео) Кандидатот на Влен отиде лично да…
Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…