Фон дер Лајен: Украина нема да биде сама оваа зима
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече денеска дека ЕУ стои покрај Украина и дека е подговена да ѝ ја пружи неопходната помош за земјата да не мора сама да се соочува со претстојната зима.
„Украина нема да биде сама оваа зима. ЕУ стои покрај вас и нуди итна енергетска помош да ја поддржи Украина во претстојните месеци“, напиша Фон дер Лајен во објава на социјалната мрежа „Икс“.
Таа додаде дека Европската комисија истовремено разгледува опции за обезбедување неопходна континуирана финансиска поддршка за Украина.
„Утре ќе го усвоиме нашиот Пакет за проширување, во кој ќе биде истакната исклучителната посветеност на Украина во нејзиниот европски пат во текот на изминатите години“, наведе претстателката на ЕК.
Фон дер Лајен нагласи дека пораката на Комисијата е јасна, а тоа е дека Украина е подготвена да оди напред.
Руските напади на украинската инфраструктура се интензивираа претходните денови па затоа во Украина, според наводите на украинскиот јавен сервис Суспилне, на сила се големи прекини на струја и ограничување на капацитетот на дистрибуција на електрична енергија, а во неделата целокупната област Доњец остана без струја по руските напади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен: Време е за Европска…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Калас: ЕУ мора побрзо да се вооружува…
Европската унија треба да го забрза процесот…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Европската комисија ги повика земјите од ЕУ…
Европската комисија ги повика земјите-членки на Европската…