Пожар избувна во нуклеарната централа Козлодуј во Бугарија

t

Во машинската просторија на петтата единица на нуклеарната електрана Козлодуј во Бугарија денеска избувна пожар, што предизвика итна реакција на вработените во централата.

Поради густиот чад во просторијата, на местото на настанот била повикана противпожарната служба, а екипите на терен веднаш започнале со замена на оштетената опрема.

Од раководството на централата соопштија дека ситуацијата е под целосна контрола и дека нема опасност за луѓето или за околината. Работниците остануваат во готовност додека инцидентот не биде целосно саниран.

Нуклеарната централа Козлодуј се наоѓа околу 120 километри северно од Софија, во близина на границата со Романија. Таа е единствената нуклеарна централа во Бугарија, со два активни реактори од по 1.000 мегавати, кои обезбедуваат околу 30 проценти од електричната енергија во земјата.

Четирите постари реактори со моќност од по 440 мегавати беа исклучени во 2002 и 2006 година, во согласност со условите за пристапување на Бугарија кон Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митева: Незаконски наплатените средства од компаниите за…

Денеска сакаме да ја информираме јавноста за…

Со чартер-лет од Атина доброволно вратени 114…

Со чартер-лет на Меѓународната организација за миграција…

Интерпол спроведе голема меѓународна акција: уапсени 65…

Во голема меѓународна операција за гранични проверки,…

Прегазено е 15 годишно девојче во Чаир…

МВР информира дека синоќа околу 22:00 часот…

Мицкоски: Каде и да одиме нѐ прашуваат…

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница…