Двајца загинати во сообраќајка на патот Прилеп – Росоман

t

МВР информира дека попладнево околу 17:00 часот пријавена е сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила на патот А1 Прилеп – Росоман во близина на с. Радобил.

Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица.

Од 18:00 часот сообраќајот е се одвива по една коловозна лента со наизменично пропуштање на возилата.

Од МВР велат дека „со детали соодветно ќе ја известиме јавноста по завршувањето на увидот“.

Претходно од АМСМ соопштија дека сообраќајот на овој патен правец од 17:10 часот беше во прекин поради случена сообраќајна несреќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца загинати во сообраќајка на патот Прилеп…

МВР информира дека попладнево околу 17:00 часот…

Возач со џип прегази жена на пешачки…

Во центарот на Скопје, денес попладне се…

Трагедија во Струмичко: Се преврте Пежо на…

Четириесет и шестгодишен жител на струмичкото село…

Тетовец возел со 3,94 промили алкохол во…

Лишен од слобода тетовец, управувал возило со…

Тешка сообраќајка на автопат во Србија –…

Едно дете загина, а седум деца и…