Истрага за возачот што усмрти велосипедист на булеварот „Гоце Делчев“, возел пребрзо

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради сомненија за сторени – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 3 ноември, управувајќи автомобил “Фолксваген пасат” по булеварот “Гоце Делчев” во Скопје, тој не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај.

Автомобилот го управувал со неприлагодена брзина која не му овозможувала да запре навремено во случај на потреба или пречка.

Пристигнувајќи на пешачки премин на крстосницата со улицата “Лазар Личеноски” осомничениот 37-годишник со предниот дел на возилото удрил во велосипед, управуван од сега починатиот Јорго Ќука, кој се движел по обележаниот пешачки премин. Од ударот оштетениот се здобил со тешки телесни повреди и починал.

Надлежниот јавен обвинител одлучи да достави до Судот предлог за определување мерки на претпазливост – одземање на македонска и српска патна исправа од осомничениот кој има двојно државјанство, одземање на возачка дозвола, забрана за напуштање на живеалиште и обврска да се јавува повремено кај надлежен државен орган.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за возачот што усмрти велосипедист на…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Трамп: Секој Евреин што ќе гласа за…

Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Евреите…

Двајца загинати во сообраќајка на патот Прилеп…

МВР информира дека попладнево околу 17:00 часот…

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална…

Во ерата на геополитичка неизвесност и економска…

Германија им нуди пари на Авганистанците ако…

Германската влада им понудила финансиска надомест на…