Ќе се обновува списокот со лектири за основците, МОН повикува на јавна дискусија

t

Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото за развој на образованието (БРО) организираат јавна дискусија за новиот предлог-лектирен список за основното образование и упатуваат покана до сите заинтересирани страни: наставници, стручни служби и други чинители во образованието, активно да се вклучат во дефинирањето на современ, инклузивен и квалитетен лектирен список кој ќе одговара на реалните потреби на учениците и наставниот процес.

МОН на својата веб-страница го објави предлог-списокот, истакнувајќи дека ажурирањето произлегува од потребата за постојано усогласување на наставните содржини со современите образовни цели и развојните карактеристики на учениците.

Новиот предлог е изработен врз основа на списокот што се реализира од учебната 2019/2020 година. Одредени наслови се отстранети поради ниска читаност или несоодветност на возраст, а некои дела се преместени или добиле нов статус,  од задолжителни станале изборни и обратно.

Во списокот се вклучени дела што обработуваат современи теми како идентитет и самодоверба, пријателства, училишен живот и булинг, емоционални предизвици, културна разноликост и инклузија на деца со посебни образовни потреби. Целта е учениците да читаат содржини блиски на нивната реалност, но и доволно слоевити за анализа и критичко размислување.

Предлог-списокот е отворен за предлози за сите одделенија од второ до деветто, со можност за вклучување на дела од националните литератури на сите наставни јазици. Секое избрано дело ќе биде преведено на сите службени наставни јазици во Македонија.

Предлозите за нови книги може да се достават преку формуларот објавен на веб-страницата на МОН, најдоцна до 30 ноември, на е-адресата [email protected].

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се обновува списокот со лектири за…

Министерството за образование и наука (МОН) и…

Рокас до Сиљановска-Давкова: Сегашниот момент е најдобар…

За време на презентирањето на Извештајот на…

Протекување на податоци на „Тиса“: Маѓар обвинува…

Голем скандал со истекување на лични податоци…

Твоето лице звучи познато: Вучиќ ги отфрли…

Српскиот претседател Александар Вучиќ го бранеше своето…

Лазаров очевидец на страшната сообраќајка: Јас сум…

Двајца луѓе загинаа, а петмина се повредени…