Филипче за Извештајот на ЕК: Регионот оди напред, а ние остануваме слепо црево на Балканот

t

Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија кон ЕУ испраќа јасна порака за насоката во која се движи државата под актуелната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија, наместо да чекори со земјите од регионот кои напредуваат, е во групата со Косово, Молдавија, Украина и Босна и Херцеговина, далеку од динамиката која ја има Албанија, Црна Гора, порача претседателот на опозициската партија СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конфеернција.

– Државата е во целосен застој, а европскиот пат е сведен на празна реторика. Не постои напредок во ниту една област, а во делови има и назадување – изјави Филипче.

Позитивен напредок има само во четири области, а во осум нема поместувања, вели тој и додава дека особено загрижува ниската оценка во економијата.

– Реформската агенда не се спроведува, обврските се неисполнети, а државата губи пари од ЕУ. Недозволиво е да нема буџет за спроведување на реформите кои се клучни за европскиот процес. Во демократијата нема напредок, Собранието е блокирано, а уставните измени, кои се клучни за старт на преговорите, не се ни разгледуваат. Во судството независноста останува поткопана, а борбата против корупцијата е во застој. Јавната администрација функционира со 60 отсто закони донесени по скратена постапка, без јавни дебати и комуникација со експертската јавност. Во образованието финансирањето е намалено, а резултатите кај учениците се влошуваат. Во животната средина и земјоделството недостигаат клучни закони. Во даночниот систем доцнењата на повратот на ДДВ се алармантни – додаде тој.

Според него, Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема визија, ниту капацитет да ја води државата напред и додека регионот оди напред, Филипче вели дека Македонија ризикува да остане слепо црево на Балканот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да му поднесе кривична…

Талогот на СДС повторно се појави. Овој…

СДСМ го прозва обвинителот за случајот Гостивар:…

Клековски конечно прозборе. Во водата во Гостивар…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС кога…

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение упати критики кон претседателот…

СДСМ: Отруена е цела Македонија, а никој…

„Поради тендер патриотите Христијан Мицкоски и Сашо…

Манасиевски: Талогот од СДС и предавникот Филипче…

Талогот од СДС и предавникот Филипче не…